Данскиот производител на пиво „Carlsberg“ објави во вторникот дека се согласил да продаде удел во руската пиварница „Baltika Breweries“ на двајца високи членови на менаџментот, истакнувајќи дека ги добила потребните дозволи од властите во Русија и нејзината матична Данска.

Во јуни минатата година, „Carlsberg“ објави дека потпишал договор за продажба на акции во пиварницата „Baltika Breweries“, што допрва треба да биде одобрено од регулаторите.

Околу еден месец подоцна, руската влада објави дека управувањето со акциите на „Carlsberg“ привремено ќе го преземе државната агенција за имот Росимушество, што укажува дека го подготвува теренот за можен одговор на мерките преземени против руските компании во странство поради руската инвазија во Украина.

Во вторникот данската компанија објави дека се согласила да продаде удел во рускиот производител на пиво на двајца членови на одборот.

„Новиот контролен акционер на Baltika Breweries ќе биде компанија подеднакво во сопственост на двајца долгогодишни вработени во Baltika Breweries, кои моментално имаат водечки позиции“, се вели во соопштението за печатот на „Carlsberg“.

Како што објави „Carlsberg“, трансакцијата е веќе одобрена од руските и данските власти и треба да биде склучена во наредните денови. Додаваат и дека од 2 декември пиварницата „Baltika Breweries“ повеќе не е под привремено управување на руската држава.

Соопштија и дека ќе добијат паричен надомест за продадениот удел во руската пиварница. „Baltika Breweries“ ќе ги пренесе и сите акции во своите филијали во Азербејџан и Казахстан на данската компанија.

Вредноста на трансакцијата не беше прецизирана, но Reuters објави, повикувајќи се на документи на руската влада во кои имале увид, дека таа изнесува 34 милијарди рубљи (320,75 милиони долари).

Во извештајот од февруари 2023 година, „Carlsberg“ наведе дека нејзините нето средства во Русија вредат 7,52 милијарди дански круни (1,06 милијарди долари) во декември 2022 година.

Според документот на руската влада, „VG Invest“ треба да уплати 15 отсто од пазарната вредност на „Baltika Breweries“ во рускиот државен буџет, наведува Reuters.

Од „Baltika Breweries“ одбиле да ја коментираат трансакцијата, а руското Министерство за финансии, кое ја предводи владината комисија за продажба на странски средства, не одговорило на барањето на Reuters за коментар.

globe

Слични новости

Цените на нафтата благо пораснаа кон 74 долари

Цените на нафтата благо пораснаа кон 74 долари

Цените на нафтата се зголемија во средата, поддржани од податоците за падот на залихите на сурова нафта во САД, додека инвеститорите претпазливо го очекуваат потенцијалното дополнително намалување на стапката на централната банка на САД

Забрзана инфлацијата во ЕУ

Забрзана инфлацијата во ЕУ

На ниво на 27-члената Европска унија, годишната стапка на инфлација во ноември изнесува 2,5 отсто, откако во октомври беше зголемена за 2,3 отсто