Во полуфиналниот бараж за Светското првенство, Македонија на гостувањето во Копенхаген кај Данска загуби со убедливи 4-0.

Во првото полувреме Данска ја имаше иницијативата и создаваше полушанси, но резултатот остана 0:0.

Во второто полувреме, уште од самиот старт Данска поведе со 1:0, а во 58-та минута натпреварот веќе беше решен и Данците водеа со 3:0 со головите на Дамсгард и Исаксон.

Македонија одамна не играла послаб и поанемичен фудбал, а оба беше прв натпревар на кој селекцијата ја водеше новиот селектор Гоце Седлоски.

Слични новости

Реал Мадрид елиминиран од второлигашот Албасете во Купот на Кралот

Реал Мадрид елиминиран од второлигашот Албасете во Купот на Кралот

Албасете го победи Реал со 3:2, а поразот е тежок удар за новиот тренер Алваро Арбелоа кој во понеделникот го наследи неговиот некогашен соиграч Чаби Алонсо кој доби отказ од управата на Реал Мадрид по неуспехот во суперкупот во Џеда.