Министерот за надворешни работи на Данска Ларс Локе Расмунсен изјави дека Гренланд не може да биде анектиран од никого, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд од Америка.

„Не може да анектирате земја на сојузник или на било која друга земја, затоа што тоа е крешење на меѓународното право“, изјави Расмунсен.

Тој исто така изрази уверување во поддршката од НАТО во контекст на претензиите на Трамп врз островото и додаде дека не гледа желба на Гренланѓаните да станат Американци.

 

Трамп во четвртокот за време на состанокот со генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека смета дека ќе дојде до анексија на Гренланд затоа што „тоа било потребно за меѓународната безбедност“. По оваа изјава премиерот на Гренланд Муте Егеде изјави дека ќе иницира состанок на лидерите на сите партии на Гренланд.

Слични новости

Захарова:  Испраќањето европски сили во Украина ќе го сметаме за директен вооружен конфликт со Русија

Захарова: Испраќањето европски сили во Украина ќе го сметаме за директен вооружен конфликт со Русија

Русија предупреди во четвртокот дека испраќањето европски мировни сили во Украина ќе го смета за вовлекување на земјите-учеснички во „директен вооружен конфликт“ со Москва