Во дерби натпреварот од квалификациската група Данска во Копенхаген ја победи Грција со 3:1. Со ова Данска се искачи на првото место во групата со 10 бодови, колку што има и Шкотска. Грција ги загуби сите шанси за учество на Мундијалот затоа што има само 3 бода по 4 кола.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога со головите на Хојлунд, Андерсен и Дамсгард Данците поведоа со 3:0. Цолиас ги постави конечните 3:1 во второто полувреме.

Во вториот натпревар од оваа група Шкотска очекувано и лесно ја победи Белорусија со 2:1 и до крајот на квалификациите Шкотите и Данците ќе водат мртва трка за пласман на Светското првенство. Шкотите водеа со 2:0, а Белорусите постигнаа почесен гол во 96. Минута од натпреварот.  

 

Слични новости

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турските власти наредија во петокот апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење натпревари, соопштија обвинителите во Истанбул