Данска испрати дополнителни трупи на Гренланд каде што е во тек заедничка воена вежба со неколку европски земји заради заштита на критичната инфраструктура. Данската војска соопшти дека воената вежба „Артктичка издржливост“ ќе трае цела година.

Данската телевизија ДР објави дека војниците ќе бидат обучувани за заштита на клучната инфратсруктура, односно аеродромите и заливите како и нафтените постројки.

Генералот на данската армија Сорен Андерсен изјави дека во моментов не постои воена закана по Гренланд и дека не мисли оти една земја членка на НАТО ќе нападне друга. Според неговите зборови и американските војници биле повикани да се придружат на воената вежба, затоа што, како што рече и тие се дел од НАТО.

Слични новости

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу бргу

Во обраќањето до нацијата од Белата куќа Трамп порача дека САД ќе ги уништат сите ирански електрани и дека ќе ги гаѓаат и постројките за нафта, доколку не биде постигнат договор со иранските лидери.