Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го назначи гувернерот на сојузната држава Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник на Гренланд сигнализира континуиран интерес на САД за арктичкиот остров, изјави во понеделникот данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.
„Именувањето го потврдува континуираниот интерес на САД за Гренланд. Сепак, инсистираме дека сите – вклучително и САД – мора да покажат почитување на територијалниот интегритет на Кралството Данска“, рече Расмусен во изјава испратена по е-пошта.
Во неделата Трамп објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник на Гренланд.
„Џеф разбира колку е важен Гренланд за нашата национална безбедност и силно ќе ги промовира интересите на нашата земја во безбедноста, заштитата и опстанокот на нашите сојузници и светот“, напиша Трамп во објава на Truth Social.
Ландри, кој ја презеде функцијата гувернер на Луизијана во јануари 2024 година, му се заблагодари на Трамп за X-от, велејќи: „Чест ми е што служам… на оваа волонтерска позиција за да го направам Гренланд дел од САД. Ова во никој случај не влијае на мојата позиција како гувернер на Луизијана!“.
Трамп неколкупати во текот на годините изјави дека Гренланд, самоуправна данска територија, треба да стане дел од САД, наведувајќи безбедносни причини и интерес за минералните ресурси на островот. Ландри ја пофали идејата претходно оваа година.
Слични новости
Израел одобри основање на 19 нови населби на Западниот брег
Израелските власти во недела објавија дека одобриле изградба на 19 нови населби на Западниот брег, политика која се интензивираше од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, со цел „блокирање на основањето терористичка палестинска држава“
Виткоф: Продуктивни преговори за Украина
Последните три дена од разговорите во Флорида меѓу американските, европските и украинските претставници за завршување на војната во Украина беа продуктивни и фокусирани на усогласување на ставовите, изјави во неделата специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф
Масакр во Јоханесбург убиени најмалку 10 луѓе
Портпаролката на полицијата Бренда Муридили изјави дека десет луѓе се загинати во нападот, но дека полицијата нема информации за идентитетот на убиените. Уште најмалку десет луѓе се ранети и тие се префрлени во болница.


