Данскиот парламент во средата го ратификуваше договорот за воена соработка, кој им овозможува на САД да воспоставуваат бази на данска територија, да распоредуваат војници и да складираат воена опрема, објави данската новинска агенција Ritzau.

Договорот, потпишан во декември 2023 година, пред реизборот на Доналд Трамп за претседател на САД, станува сè поконтроверзен како што односите меѓу Вашингтон и Копенхаген се заладија.

Тензиите избувнаа кога Трамп ја оживеа старата идејата на Вашингтон нафрлен во неговиот прв мандат за преземање контрола врз Гренланд, самоуправна територија под Кралството Данска за која американскиот претседател верува дека има стратешка воена вредност.

Овие амбиции беа нагласени и од американскиот потпретседател ЏејДи Венс за време на посетата на американската воена база во Питуфик во северен Гренланд во март, каде што остро ја критикуваше Данска, сојузник во НАТО, за „недоволно инвестирање“ во луѓето и безбедноста на територијата.

Договорот за одбрана предизвика критики во Данска, особено од левичарските партии и организациите за човекови права. Критичарите тврдат дека договорот би можел да им даде на американските сили прекумерна автономија на данска почва и да го ограничи надзорот што го имаат данските власти.

Премиерката Мете Фредериксен го оправда договорот нарекувајќи ги поблиските врски со САД клучни во сегашната геополитичка клима.

„Проблемот не е премногу вмешаноста на САД во Европа. Напротив, опасноста е САД да ги повлечат своите трупи и да престанат да ја поддржуваат Украина“, изјавила Фредериксен според Ritzau.

globe

Слични новости

Најмалку 40 убиени во Газа, повеќето близу центар за дистрибуција на храна

Најмалку 40 убиени во Газа, повеќето близу центар за дистрибуција на храна

Најмалку 40 лица се убиени од израелски оган во понеделникот, а повеќето од нив во близина на центар за дистрибуција на помош на американската Хуманитарна фондација Газа (GHF), соопшти Министерството за здравство на крајбрежната палестинска енклава

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе платат цена за иранските напади врз Израел

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе платат цена за иранските напади врз Израел

Досега во Израел има неколку десетици мртви цивили, а на стотици се ранети како последица на ирнаските бомбардирања со ракети земја-земја и дронови, а синоќа најмалку осум лица загинаа, а 92 се ранети и хоспитализирани. Во Иран, досега од израелските напади загинаа 224 луѓе, а 90 насто од нив се цивили, ја пренесе гардијан изјавата на иранскиот министер за здравство.