Трикратниот Оскаровец Даниел Деј- Луис повторно се врати на филмското платно и игра во филмот на неговиот син Ронан Деј- Луис „Анемона“. Славниот актер рече дека се вратил на актерството од чиста желба да му помогне на неговиот син, кој рејкол дека ако татко му не игра во филмот нема ни да го снима.

Филмот „Анемона“ беше прикажан на Лондонскиот филмски фестивал, а појавувањето на Даниел Деј-Луис предизвика овации кај публиката. Во филмот тој и Шон Бин глумат браќа кои се тотално оддалечени еден од друг и кои прават обид повторно да се зближат.

Филмот е дебитанско дело на Ронан Деј Луис, а е работен според сценарио кое заеднички го напишаа со неговиот татко.

Слични новости

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.