Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера ја добила интерпелацијата, но за да изгради став, вели дека треба да ја анализира содржината.
„Интерпелациата, која е поднесена во Собранието, ја добив доцна во текот на вчерашниот ден и сум во фаза на анализирање на причините и, генерално, на нејзината содржина. Во моментот кога ќе го изградам мојот став, сигурно и на јавноста ќе ѝ биде соопштен. Јавноста нема да остане без моето произнесување“, рече Дамова.

Во однос на очекувањето на премиерот Христијан Мицкоски членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да поднесат оставки доколку Собранието изгласа интерпелација, Дамева денес немаше конкретен одгвор.
„Оставката е личен чин и се поднесува само во случај ако постојат оправдани причини за тоа“, вели Дамева.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, официјално ги извести членовите на Судскиот совет, Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Милазим Мустафа, Павлина Црвенковска и Селим Адеми, дека е побарана интерпелација за нив. Петтемина за членови на Судскиот совет беа избрани во Собранието.
Без став за поднесената интерпелација е и членот на Судски совет, м-р Тања Чачарова Илиевска. Таа во изјава за медиумите истакна дека ја примила интерпелацијата, но треба добро да ја разгледа и анализира.
„Она што ми падна во очи е дека тоа не е интерпелација за членот Тања Чачарова Илиевска на Судскиот совет, не упатува на интерпелација на Судскиот совет. Се зборува за колективна одговорност, јас не еднаш во моите обраќања кажувам дека одговорноста мора да биде индивидуална и покрај тоа што Судскиот совет е колективно тело. Ние сите гласаме за една одлука и во зависност од гласовите се носи одлука со мнозинството на гласови. Токму од тие причини, потребно е да ја изанализирам“, вели Чачарова Илиевска.

Слични новости
Уште 12 повредени од Македонија префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија
Во меѓувреме, на Клиниката за токсикологија во Скопје хоспиталзирани се 10 лица кои имаат интоксикација со гасови. Сите пациенти кои беа на лекување во Кочани се префрелени во Скопје. Уште три лица се донесени на опсервација поради вдишување на гасови
Бектеши и поранешниот директор на пазарниот инспекторат Трајковски спроведени на сослушување во ОЈО Кочани
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес-конференција соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани се работи на итно процесуирање на 14 осомничени
Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош
Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по потпишувањето во Книгата на жалост поради загинувањето на 59 лица во Кочани