Шолја топол чај, онаа типична и суштинска британска традиција во која луѓето на Обединетото Кралство уживале стотици години, одговорот на секоја криза, ритуалот на поврзување кога ќе дочекате некого во вашиот дом и првиот пијалок со кој многумина се будат, помладите Британци се чини дека повеќе и не е толку популарен.

Британците пијат чај речиси со секој оброк, а уживаат и по вечерата. „Дали би сакале чаша? или едноставно „Чај?“, тоа е музика за вашите уши, нели? Па, можеби не за секого, пишува BBC.

Дваесетгодишниот Џили Овен, студент од Лондон, вели дека „претпоставува дека има некаква поврзаност со чајот како пијалок за постарите луѓе“. Џили открива дека тој и неговите пријатели претпочитаат да пијат обична вода или диетални газирани пијалоци.

Неговата пријателка Лејба воопшто не пие чај. Вели дека никогаш не сакала чај и чаевите за неа имаат „навистина лош вкус, нешто како, навистина чуден“, рекла 20-годишната девојка. А тоа е сосема спротивно од вкусот на нејзините родители кои, како што вели, „навистина го сакаат и уживаат во чајот“.

И дали е генерациски проблем? Дали Британците како нација не се одљубуваат во чајот?

Лeден чај и здрави пијалоци

Минатата седмиа една од најстарите британски компании за производство на чај „Typhoo Tea“, пропадна по падот на продажбата. 120-години старата компанија беше спасена од производителот на вејп „Supreme“, чиј шеф вели дека сака да развива нови производи под името на брендот.

Претставничката на „Supreme“, Сенди Чада изјави за BBC дека пазарот на чај е во опаѓање, но дека компанијата ќе се обиде да ја привлече помладата генерација која претпочита „работи како лeден чај и здрави пијалоци“.

Споредено со периодот пред две години, продажбата на чај паднала за 4,3 отсто, велат аналитичарите на „NielsenIQ“. А неодамнешното истражување спроведено од компанијата „Mintel“ покажа дека денес помалку од половина од нацијата или 48 отсто пијат чај барем еднаш дневно.

Кити Соининен, која се занимава со истражување на потрошувачката на храна и пијалоци во „Mintel“, вели дека традиционалниот чај има „силна конкуренција“ во овошниот, билниот, зелениот и особено црниот чај.

Дваесет иедногодишниот студент Дилан вели дека консумира чај, но не традиционалниот со капка млеко, туку напиток од чај кој не содржи кофеин. „Дефинитивно пијам помалку чај од моите родители. Јас всушност консумирам , така да се каже, помалку ‘чајни’ чаеви. Осумнаесетгодишната Шајма вели дека претпочита билен чај, додека повеќето нејзини пријатели пијат кафе. Таа вели дека сега има „толку многу пијалоци и напивки и никогаш не слушнала за „Typhoo Tea“.

Промени во навиките

Соининен укажува на големата разлика меѓу продажбата на чајот и кафето и ги изнесува следниве информации: „Од продажбата на обичниот чај во 2023 година, добивката изнесува само 377 милиони фунти, што е многу помалку во споредба со добивката од продажбата на инстант кафе, која изнесуваше речиси милијарди фунти“.

Дури и популарноста на инстант-кафето е доведена во прашање поради „брзо растечкиот“ пазар на готово кафе, додава Соининен и открива дека неговата продажба се зголемила повеќе од двојно во последните пет години.

Полина Џонс од „NielsenIQ“ вели дека мисли оти луѓето „не се одљубуваат од чајот како таков“, но пејзажот се менува со огромната палета на газирани чаеви, билни чаеви, ферментирана комбуха и енергетски пијалоци привлечни за помладата генерација. Доколку овој тренд продолжи, Џонс смета дека брендовите треба да променат нешто.

Добар пример за тоа е „Twinings“, која почна да нуди пенлив чај во лименка, додека комбухата во шишиња привлекува студенти и млади професионалци кои купуваат готови пијалоци на паузите од работа, вели.

 

Чај за појадок, но не и за попладне

Има уште еден проблем кога станува збор за црниот чај. Дури и за оние Британци на кои тоа им е најважниот дневен пијалок, целокупните животни трошоци постојано растат, па купуваат помали количества од омилениот чај.

Во 1974 година, просечното британско семејство купувало 68 грама или околу 30 кесички чај по лице семично. До 2023 година, таа бројка се намалила на 19 грама, или околу 10 кесички чај по лице седмично, според владините податоци.

Кити Сојнен смета дека долгорочната „закана“ за консумирањето црн чај е претставена со фактот што сите возрасни групи редовно го пијат наутро и со појадок, но многу е помала веројатноста дека и помладите генерации ќе уживаат во шолја од овој пијалок во попладневните часови.

Истовремено, ги предупредува производителите на традиционални чај и им порачува дека доколку помладите генерации продолжат со овие навики до старост, на пазарот цено му се пишува.

Еден следбеник на порталот BBС, симпатично но можеби и кобнички ја коментираше информацијата за неуспехот за пропаѓањето на „Typhoo Tea“: „Знаете дека работите се лоши кога во Велика Британија ќе пропадне компанија којашто се занимава со производство на чај“.

globe

Слични новости

Американската морнарица му оддаде признание на Том Круз за улогата во „Топ Ган“

Американската морнарица му оддаде признание на Том Круз за улогата во „Топ Ган“

Американската морнарица му додели специјална цивилна награда на холивудскиот актер Том Круз за „зголемување на регрутирањето на пилоти“ со неговата улога како поручник Пит „Маверик“ Мичел во „Топ Ган“