Далас Маверикс, ден откако објавија дека го размениле Лука Дончиќ за Ентони Дејвис, претрпеа тежок пораз на гостински терен од првиот тим во лигата Кливленд Кавалирс, кој ги совлада со 144:101. Кливленд до победата го предводеше Сем Мерил со 27 поени од кои девет „тројки“, а најдобар стрелец кај Далас со 21 поен беше Џејден Харди.
Бостон Селтикс ги совладаа Филаделфија 76ерс со 118:110 на гости, и тоа откако надоместија негатива од 26 поени во второто полувреме. Џејсон Тејтум постигна 35 поени и 11 асистенции за победата на Бостон, Џејлен Браун имаше 21 поен, 10 скока и шест асистенции, додека Кристапс Порзингис забележа 18 поени, седум скока и пет блокади.
Бостон ја надигра Филаделфија со 54:20 во последните 14 минути и ја презеде контролата врз натпреварот во кој Филаделфија првично доминираше. Селтикс реализираа 21 „тројка“, од кои 14 од 22 обиди во вториот дел. Тајрис Макси ги предводеше Сиксерс со 34 поени, додека Гершон Јабуселе постигна 21 поен против својот поранешен тим.
Детроит Пистонс на домашен терен ги надиграа Чикаго Булс со 127:119, а Кејд Канингем ги предводеше седумте играчи на Детроит со двоцифрен ефект со 22 поени и 15 асистенции. Џејлен Дурен за Детроит постигна 21 поен, 13 скока и четири асистенции, додека Малик Бисли постигна 19 поени, пет асистенции и три украдени топки. Коби Вајт ги предводеше Булс со 22 поени. Никола Вучевиќ забележа „трипл-дабл“ со 20 поени, 11 скока и 10 асистенции, додека Џош Гиди имаше 20 поени и 10 скока.
Мемфис Гризлис на гости ги совладаа Милвоки Бакс со 132:119, што е нивни четврти пораз во последните пет натпревари. Џерен Џексон Џуниор погоди седум „тројки“ и постигна 37 поени, а Дезмонд Бејн додаде 22 за Мемфис, кој седми последователен пат го совлада Милвоки. Санти Алдама додаде 23 поени и осум скока, додека Џа Морант (рамо) го пропушти вториот последователен натпревар за Мемфис. Јанис Адетекумбо го предводеше Милвоки со 30 поени, 11 скока и седум асистенции. Крис Мидлтон додаде 20 од клупата за Бакс.
Лос Анџелес Клиперс синоќа доживеа пораз на гостински терен, беа совладани со 108:115од домашните Торонто Репторс. Џејмс Харден беше најдобар стрелец кај Клиперс со 25 поени, Ивица Зубац постигна 18 поени со осум скока, додека поранешниот играч на Раптор Кави Ленард постигна 14.
Слични новости
Изненадувачка размена во НБА – Дончиќ во Лејкерс, Дејвис во Маверикс
Лејкерс и Маверикс предизвикаа возбуда во НБА, откако ESPN рано наутро во неделата објави дека тимовите завршиле со трејдот што ќе го испрати Лука Дончиќ во Лос Анџелес и Ентони Дејвис во Далас
НБА: Денвер победи, Вашингтон ја прекина серијата од 16 порази
Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа ги совладаа Шарлот Хорнетс со 107:104, а Никола Јокиќ го оствари својот 22. „трипл-дабл“ сезонава
Реал Мадрид поразен од Еспањол, Атлетико Мадрид убедлив со Мајорка
За неволјата на Реал Мадрид да биде поголема на натпреварот се повреди нивниот стопер Антонио Рудигер кој мораше да биде заменет во 14 минута од мечот.