На маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Софија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со бугарската претседателка Илијана Јотова. Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања во билатералните односи и македонскиот евроинтегративен процес.

Соговорничките разменија ставови за можните решенија за отпочнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, при што беа изнесени различни гледишта околу надминувањето на постојните предизвици.

Давкова ја потенцираше и важноста од спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, додека двете претседателки се согласија дека дијалогот за отворените прашања треба да продолжи.

 

Слични новости

Од електрична инсталација изби пожар пред зграда во Кисела Вода, станарите во паника брзаа да излезат

Од електрична инсталација изби пожар пред зграда во Кисела Вода, станарите во паника брзаа да излезат

Утринава околу 5 часот во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода изби пожар пред влезот на објектот. МВР информира дека настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли.

Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, робот оперираше пациент со карцином на простата

Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, робот оперираше пациент со карцином на простата

Демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион