Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го критикуваше геополитичкото однесување на Кина и на Соединетите Држави под претседателство на Доналд Трамп.

Глобалните проблеми нема да се решат со тоа што една сила ќе ги носи сите одлуки, ниту, пак, ќе се решат со тоа што две сили ќе го делат светот на ривалски сфери на влијание, додаде тој.

На новинарско прашање, Гутереш појасни дека под „една сила“ мислел на Соединетите Држави, а „две сили“ се однесувало на САД и Кина. Светот мора да се фокусира на „мултиполарност“, рече тој.

 Мултиполарност која е вмрежена, инклузивна по дизајн и способна да создаде рамнотежа преку партнерства. Партнерства во трговијата, во технологијата и во меѓународната соработка, истакна Гутереш.

 

Слични новости

Москва и Киев ги продолжуваат разговорите со САД, нема трилатерални преговори

Москва и Киев ги продолжуваат разговорите со САД, нема трилатерални преговори

Песков рече и дека евентуалните трилатерални преговори во моментов се на чекање, затоа што САД имаат многу други приоритети. Но, тој порача дека Москва преговара со вашингтон, а истото го прави и Киев.