Празно пред бугарската амбасада, гужва пред српската. Ваква е сликата од гласањето на бугарските и српските државјани во Скопје на изборите во нивните држави.
За гласање на парламентарните избори во Србија, во Македонија се пријавиле 1.438 лица. Гласаат во Скопје и во Куманово. Според пописот од 2021 година, во Македонија 23.847 лица се изјасниле како Срби, односно 1,30 отсто од резидентното население.
Се гласа и во соседна Бугарија, но интересот за гласање во Македонија е многу слаб. Само 265 бугарски државјани се пријавиле за да можат денеска да гласат на претседателските избори во оваа држава иако се отворени седум гласачки места во Скопје, Битола, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Кочани и Охрид. Ова е речиси двојно помал број од пријавените гласачи на парламентарните избори во април.
Слични новости
На Инфективна хоспитализиран 21 пациент поради западно-нилска треска, шестмина се на интезивна нега
Во државата има 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западно-нилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се сомнителни случаи.
Случај „Талир“: Апелација ја одби жалбата на ОЈО – „Белата палата“ останува имот на ВМРО – ДПМНЕ
Пред три години Груевски првостепено беше осуден на шест години затвор, а беше наложена и конфискација на партискиот имот. Таа пресуда апелација ја укина по измените на кривичниот законик, по што судењето почна одново.
Косовскиот премиер, Курти доаѓа во Скопје
Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска доаѓа во официјална посета на Скопје каде ќе присуствува на централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза


