Гувернерот на Народната банка на Македонија Трајко Славески побара законски измени со кои на Народната банка би и се овозможиле механизми за поголема заштита на корисниците на платните услуги и за ограничување на одредени банкарски надоместоци, според примерот на повеќе европски земји.
„Народната банка во моментов нема законска надлежност директно да ги регулира надоместоците што ги наплаќаат банките. Сепак, актуелните случувања покажуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за дополнување на законската рамка по примерот на повеќе европски земји во кои постојат механизми за заштита на корисниците и обезбедување фер и предвидливи услови за користење на платежните услуги“ објави Славески на социјалните мрежи.
Повикот на Славески доаѓа откога четири банки во земјата во изминатите денови најавија зголемување на надоместоците за услугите во платниот промет, што предизвика реакции во јавноста и отвори прашања за потребата од дополнителна заштита на корисниците на овие услуги.
Слични новости
ЕСМ лани согореле повеќе мазут, што ја чинело компанијата над 30 милиони евра
За мазутот електрани дале вкупно 33,3 милиони евра за потребите на двете централи. Во извештајот на компанијата за 2025 пишува дека ЕСМ морал да користи повеќе мазут, поради неквалитетниот јаглен кој е примарен за производство на струја.
Граѓаните со перцепција за „погрешна насока“ на државата
Анкетата, спроведена на 1.002 испитаници од 27 февруари до 10 март 2026 година, покажува дека 51% од граѓаните сметаат дека животот во државата оди во погрешна насока.
Температурите денес и до 34 степени Целзиусови
Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса, со летни температури во поголем дел од земјата. Дневните максимални вредности се очекуваат меѓу 23 и 34 степени.


