Царински службеници на грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле и заплениле вкупно 1.296 боци нелегална разладна течност (фреон) на граничните премини Дојран/Дојрани кон нашата земја и Кипи кон Турција, при проверка на две товарни возила кои влегле во Грција. Избегнатите царини и даноци се проценуваат на повеќе од 338.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Од боците со нелегален фреон, 1.000 биле скриени во камион со турски регистарски таблички, а останатите 296 во камион што во Грција дошол од Македонија.
„Во раните утрински часови, на граничниот премин Дојрани, при контрола на празен товарен контејнер од Северна Македонија, во специјално направена преграда биле откриени 296 боци нелегална разладна течност од типот R134a, за кои царините и даноците се пресметуваат во износ од 55.000 евра“, соопшти грчката царина.
Слични новости
Жителите на четири струмички села се без вода за пиење – има индикатори за фекално загадување
Жителите на Рич, Попчево, Белотино и Вељуса не смеат да ја користат водата од локалните водоснабдителни објекти за пиење, поради утврдена микробиолошка неисправност.
Во понеделник нова вонредна дератизација во Центар
Општина Центар во понеделник повторно ќе спроведе вонредна дератизација на повеќе локации во општината, откако зголемено присуство на глодари било забележано и покрај тоа што претходната акција била спроведена пред само еден месец.
Филипче: Граѓаните на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови
Филипче рече дека граѓаните мора да имаат право директно да одлучат дали во нивната непосредна околина ќе има рудници, особено во услови кога веќе постојат сериозни проблеми со квалитетот и безбедноста на водата


