Со 136 гласа „за“ и 157 „против“ грчкиот Парламент, како и што се очекуваше, доцна синоќа го отфрли предлогот за недоверба на Владата доставен од четирите опозициски партии поради железничката несреќа кај Темпи.
Предлогот на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, потпишан од 85 пратеници, што се фокусира на железничката несреќа кај Темпи и безбедноста на транспортот, но и на владеењето на правото, скандалот со прислушувањата и поскапувањата на цените, не го доби потребното парламентарно мнозинство и не создаде проблеми за владиното мнозинство од Нова демократија.

На гласањето му претходеше тридневна расправа, која кулминираше со говори на лидерите на сите политички партии, како и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Паралелно со расправата, се одржаа и низа протести, како во Атина, така и во други грчки градови, а граѓаните уште еднаш порачаа дека бараат правда за железничката несреќа и виновниците да бидат казнети.
Во Атина и Солун, по завршувањето на официјалниот дел од протестите, имаше инциденти меѓу групи маскирани лица и полицијата.
Пред грчкиот Парламент маскирани лица ги нападнаа полицајците со молотови коктели и разни предмети, а беа приведени над 6о луѓе.
Слични новости
Кремљ гледа политичка волја за обновување на односите со САД
Русија смета дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја кај двете страни да се постигне напредок, соопшти во понеделникот Кремљ
Новиот канадски премиер до Трамп: Канада ќе победи
Новиот канадски премиер Марк Карни во својот говор по изборот за лидер на Либералната партија, а со тоа и за премиер, изјави дека неговата земја „ќе победи“ и „никогаш на кој и да е начин нема да биде дел од САД“
Американците и Украинците во Саудиска Арабија разговараат за руско-украинската војна
Членовите на американската делегација се заинтересирани и за тоа дали Украинците навистина сакаат подобрување на односите со администрацијата на претседателот Доналд Трамп