Со 136 гласа „за“ и 157 „против“ грчкиот Парламент, како и што се очекуваше, доцна синоќа го отфрли предлогот за недоверба на Владата доставен од четирите опозициски партии поради железничката несреќа кај Темпи.

Предлогот на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, потпишан од 85 пратеници, што се фокусира на железничката несреќа кај Темпи и безбедноста на транспортот, но и на владеењето на правото, скандалот со прислушувањата и поскапувањата на цените, не го доби потребното парламентарно мнозинство и не создаде проблеми за владиното мнозинство од Нова демократија.

На гласањето му претходеше тридневна расправа, која кулминираше со говори на лидерите на сите политички партии, како и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Паралелно со расправата, се одржаа и низа протести, како во Атина, така и во други грчки градови, а граѓаните уште еднаш порачаа дека бараат правда за железничката несреќа и виновниците да бидат казнети.

Во Атина и Солун, по завршувањето на официјалниот дел од протестите, имаше инциденти меѓу групи маскирани лица и полицијата.

Пред грчкиот Парламент маскирани лица ги нападнаа полицајците со молотови коктели и разни предмети, а беа приведени над 6о луѓе.

Слични новости

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него

Новиот канадски премиер до Трамп: Канада ќе победи

Новиот канадски премиер до Трамп: Канада ќе победи

Новиот канадски премиер Марк Карни во својот говор по изборот за лидер на Либералната партија, а со тоа и за премиер, изјави дека неговата земја „ќе победи“ и „никогаш на кој и да е начин нема да биде дел од САД“