Со 136 гласа „за“ и 157 „против“ грчкиот Парламент, како и што се очекуваше, доцна синоќа го отфрли предлогот за недоверба на Владата доставен од четирите опозициски партии поради железничката несреќа кај Темпи.
Предлогот на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, потпишан од 85 пратеници, што се фокусира на железничката несреќа кај Темпи и безбедноста на транспортот, но и на владеењето на правото, скандалот со прислушувањата и поскапувањата на цените, не го доби потребното парламентарно мнозинство и не создаде проблеми за владиното мнозинство од Нова демократија.

На гласањето му претходеше тридневна расправа, која кулминираше со говори на лидерите на сите политички партии, како и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Паралелно со расправата, се одржаа и низа протести, како во Атина, така и во други грчки градови, а граѓаните уште еднаш порачаа дека бараат правда за железничката несреќа и виновниците да бидат казнети.
Во Атина и Солун, по завршувањето на официјалниот дел од протестите, имаше инциденти меѓу групи маскирани лица и полицијата.
Пред грчкиот Парламент маскирани лица ги нападнаа полицајците со молотови коктели и разни предмети, а беа приведени над 6о луѓе.
Слични новости
САД укинуваат 83 отсто од проектите за меѓународна помош финансирани од УСАИД
Американскиот државен секретар Марко Рубио детално го опиша големото скратување на проектите управувани од меѓународната агенција за развој УСАИД
Сирија: SDF предводени од Курдите ќе се интегрираат во државните институции
Сириските демократски сили (SDF) предводени од Курдите, поддржани од САД, кои контролираат голем дел од североисточниот дел на Сирија, богат со нафта, потпишаа договор со кој се согласуваат да се интегрираат во новите државни институции предвоени од шеријатските власти, соопшти во понеделникот сириското претседателство
Зеленски пристигна во Саудиска Арабија пред средбата со Американците
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот слета во Саудиска Арабија на средба со престолонаследникот Мохамед бин Салман, ден пред разговорите меѓу украинските и американските претставници дека Вашингтон ги полага своите надежи за ставање крај на војната со Русија