Денеска во грчкиот парламент пратениците гласаа за избор на нов претседател на Грција, откако петгодишниот мандат на претседателката Катерина Сакеларопулу и завршува на 13 март оваа година. Се очекува нов претседател на Грција да биде Константинос Тасулас донеодамна претседател на грчкиот парламент од редовите на владејачката Нова Демокартија кој на денешното гласање доби 160 гласа.
За избор на нов грчки претседател се предложени четвроица кандидати, па не се очекува денеска никој од нив да го добие потребното двотретинско мнозинство од 200 гласа во парламентот за избор на претседател.
Според уставот, парламентот гласа најмногу пет пати, а се очекува Тасулас да биде избран за претседател кога на гласањето ќе му биде потребно просто мнозинство односо 151 глас. Нова Демокартија во парламентот има мнозинство од 156 пратеници. Следното гласање е в петок.
Слични новости
Хрватска има најголема инфлација во еврозоната
Годишната стапка на инфлација во Хрватска мерена со индексот на потрошувачките цени во јануари изнесува четири отсто, објави денеска Државниот завод за статистика
Поради земјотресите на Санторини затворени училиштата, воведени дополнителни летови
Од петокот се забележани земјотреси меѓу вулканските острови Санторини и Аморгос во Егејското Море, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата
Мицотакис: Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми безбедноста
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми својата безбедност среде војните во Украина и на Блискиот исток.