Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, упати јасно предупредување дека Владата повеќе нема да дозволи блокирање на царинските служби на граничните премини. Во изјава за грчките медиуми, тој нагласи дека блокадите на земјоделците предизвикуваат сериозни последици по државната економија.

Хрисохоидис истакна дека државата покажала голема толеранција во изминатите 40 дена, но дека ситуацијата со стотиците илјади тони производи кои не можат да поминат е неодржлива.

„Нема шанси повторно да се затвори царинска служба и тоа го нагласувам јасно. Тоа се влезовите на земјата, имаме огромни проблеми, нè пријавуваат другите земји во Европската Унија.

Се попречува работењето на бизнисите кои бараат снабдување со производи, со суровини, гориво и слично. Ова не може да продолжи. Обесштетувањата што ќе се побараат ќе бидат огромни“, изјави Хрисохоидис.

Протестите на земјоделците започнаа кон крајот на ноември и ги зафатија граничните премини кон Македонија, Бугарија и Турција.

 

Слични новости