Грција веќе привремено ги суспендираше до септември новите правила на Системот за влез/излез за британските туристи откако нивното воведување предизвика огромни толпи и одложувања.

Но  иако засега нема официјална одлука за негово целосно суспендирање се очекува Грција да примени привремени практични прилагодувања во текот на летните месеци и за Србија и Македонија со цел да се намалат гужвите на границите.

Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија упати барање до Министерството за туризам на Грција за привремено одложување на примената на системот за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година.

За суспендирање на системот размислуваат и Италија и Португалија.

Слични новости

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови сведоци

Сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.