Грција веќе привремено ги суспендираше до септември новите правила на Системот за влез/излез за британските туристи откако нивното воведување предизвика огромни толпи и одложувања.
Но иако засега нема официјална одлука за негово целосно суспендирање се очекува Грција да примени привремени практични прилагодувања во текот на летните месеци и за Србија и Македонија со цел да се намалат гужвите на границите.
Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија упати барање до Министерството за туризам на Грција за привремено одложување на примената на системот за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година.
За суспендирање на системот размислуваат и Италија и Португалија.
Слични новости
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.
Продолжува судењето за случајот „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Се очекува поскапување на дизелот во Македонија кој главно го нема
На повеќето бензински пумпи во Македонија нема дизел гориво, а на бензинските пумпи на Лукоил доколку најдете дизел гориво, има ограничување на точење.


