Грчкиот парламент во четвртокoт усвои закон со кој им се дозволува на работодавците од приватниот сектор да го продолжат работното време, и покрај протестите на работниците кои веќе се борат да се справат со високите трошоци за живот.
Законот, кој им овозможува на работодавците да воведат 13-часовен работен ден, поголем од сегашните осум, има за цел да го направи пазарот на трудот пофлексибилен и поефикасен, соопшти конзервативната влада на Грција.
Но, предлогот предизвика два општи штрајка овој месец, бидејќи работниците велат дека тоа ќе ги поткопа нивните права додека се борат да се справат со стагнацијата на платите и зголемувањето на трошоците за храна и кирија.
Грција е меѓу земјите со најдолга работна седмица во Европа од околу 40 часа, според податоците на ЕУ, во споредба со просекот од 34 часа во Германија или 32 во Холандија. Куповната моќ во Грција е меѓу најслабите во ЕУ, според податоците на Eurostat.
Според новиот закон, подолг работен ден може да се воведе само три дена во месецот и до 37 дена во годината.
Законот ги штити луѓето од отпуштање ако одбијат да работат прекувремено, но синдикатите предупредуваат дека им ја одзема на работниците нивната моќ за преговарање во земја каде што непријавената работа е распространета, а просечните плати се релативно ниски.
Законот, исто така, им дава на работодавачите поголема флексибилност кога станува збор за краткорочно вработување и им дозволува на работниците да работат четири дена во неделата во текот на целата година, доколку се согласат со работодавачот.
Слични новости
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер
Калас: САД остануваат најголем сојузник на ЕУ
Шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, изјави во саботата дека САД остануваат најголем сојузник на Европа
Бела куќа: Претставници на САД и Украина одржаа продуктивна средба во Мајами, закажани натамошни разговори
Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, Стив Виткоф одржа продуктивни разговори со високиот преговарач од Украина, Рустем Умеров, во Мајами, Флорида, соопшти претставник на Белата куќа


