Од вирусот на Западно Нилска треска во Грција до 12 август биле заболени 110 лица, од кои 9 починале, соопшти грчката Национална организација за јавно здравје.

Најголемиот број на случаи е регистриран во регионот на Атика, а само во изминатите седум дена се пријавени нови 45 слуачи.

Од вкупниот број на заболени, дури кај 81 лице се развила болест на централниот нервен систем ( менингитис или енцефалитис).

Починатите пациенти биле на возраст од 65 до 91 година.

Вирусот е присутен и во Тесалија, Македонија и на Пелопонез.

Слични новости

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.