Аце Боцевски, познат како Аце Циганот, македонски државјанин кој речиси три децении беше баран со европска потерница за убиство, нема да биде екстрадиран во Македонија. Солунскиот суд одлучил дека случајот е застарен и му ја укинал мерката притвор, објави грчката агенција АНА-МПА.
Со отфрлање на барањето за екстрадиција, судиите одлучиле и да му ја укинат мерката притвор.
Боцевски, кој денес има 60 години, беше уапсен во мај годинава во Катерини, каде што живеел подолг период. Тој бил осуден на 15 години затвор поради убиството на 37-годишниот Сеат Ибраими во ноември 1997 година, но веднаш по пуштањето од притвор избегал во Грција.
Според документите од македонското обвинителство, Боцевски намерно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога Ибраими излегол од возилото да ги види оштетувањата, бил застрелан. Судењето се одржало една година подоцна, но осудениот веќе не бил достапен за издржување на казната.
Грчките судии го одбија барањето за екстрадиција од македонските власти со образложение дека казната е изречена пред повеќе од две децении, па според нивното законодавство – делото е застарено.
Слични новости
Филипче: Нов фронт на СДСМ против корупцијата на власта!
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави нов фронт на СДСМ за борба против корупцијата.Овој фронт како што кажа Филипче, подразбира две крупни иницијативи, кои означуваат нова етапа со борбата со криминалот, корупцијата, криминалните шеми на ВМРО-ДПМН
Најмногу дожд во Гевгелија, најмалку во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Тополчани
Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Гевгелија – 19 литри на квадратен метар, а најмалку еден литар во Скопје – Зајчев Рид, Охрид и Тополчан
Владата го реактивира разрешувањето на јавниот обвинител Коцевски
До крајот на месецот владата ќе го активира разрешувањето на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во Собранието, потврди премиерот Христијан Мицкоски


