Аце Боцевски, познат како Аце Циганот, македонски државјанин кој речиси три децении беше баран со европска потерница за убиство, нема да биде екстрадиран во Македонија. Солунскиот суд одлучил дека случајот е застарен и му ја укинал мерката притвор, објави грчката агенција АНА-МПА.
Со отфрлање на барањето за екстрадиција, судиите одлучиле и да му ја укинат мерката притвор.
Боцевски, кој денес има 60 години, беше уапсен во мај годинава во Катерини, каде што живеел подолг период. Тој бил осуден на 15 години затвор поради убиството на 37-годишниот Сеат Ибраими во ноември 1997 година, но веднаш по пуштањето од притвор избегал во Грција.
Според документите од македонското обвинителство, Боцевски намерно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога Ибраими излегол од возилото да ги види оштетувањата, бил застрелан. Судењето се одржало една година подоцна, но осудениот веќе не бил достапен за издржување на казната.
Грчките судии го одбија барањето за екстрадиција од македонските власти со образложение дека казната е изречена пред повеќе од две децении, па според нивното законодавство – делото е застарено.
Слични новости
Прекинат бојкотот во МЖ Транспорт, железничкиот сообраќај е нормализиран
Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт.
Ниту еден од обвинетите не призна вина во случајот „Пулс“
На денешното рочиште на кое обвинетите 35 физички лица и три прaвни субјекти се произнесуваа по однос на обвинението рекоа дека не се чувствуваат за виновни, а дел од нив изразија сочувство за семејствата на жртвите, и посакаа побрзо закрепнување на повредените.
Беким Сали вицепремиер, а Мухамед Хоџа министер за животна средина
Беким Сали ќе биде вицепремиер и министер за европски прашања, а Мухамед Хоџа-министер за животна средина и просторно планирање. Премиерот ги одобри предлозите на „Вреди“ и тие се веќе доставени и пристигнати и во Собранието.


