Грција е на удар на топлотен бран, а според пишувањето на грчките медиуми термалните камери забележаа температура и до 60 степени Целзиусови на асфалтот на сообраќајниците и дури 75 степени Целзиусови на покривите на зградите во некои подрачја.

Најтополо е на Коринт, каде што се забележани 41 сптемен Целзиусови под сенка, пишува Катимерини, а температура над 40 степени забележаа над 24 метеоролошки станици во Грција.

Според податоците на метео-опсерваторијата во Атина на 159 метеоролошки станици во Грција максималните вредности биле над 37 степени Целзиусови што го потврдува интензитетот и географскиот обем на овогодишниот топлотен бран.

Слични новости

На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“

На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“

Архивата на британскиот бенд „Оејзис“ која содржи повеќе од 100 часа снимки од концерти, проби, саундчекирања и приватни разговори на членовите на бендот, ќе биде понудена на аукција во Велика Британија, а се проценува дека ќе достигне до 1,6 милиони фунти