Грција е на удар на топлотен бран, а според пишувањето на грчките медиуми термалните камери забележаа температура и до 60 степени Целзиусови на асфалтот на сообраќајниците и дури 75 степени Целзиусови на покривите на зградите во некои подрачја.
Најтополо е на Коринт, каде што се забележани 41 сптемен Целзиусови под сенка, пишува Катимерини, а температура над 40 степени забележаа над 24 метеоролошки станици во Грција.
Според податоците на метео-опсерваторијата во Атина на 159 метеоролошки станици во Грција максималните вредности биле над 37 степени Целзиусови што го потврдува интензитетот и географскиот обем на овогодишниот топлотен бран.
Слични новости
Хоророт „Уништување“ втор на американскиот Бокс офис со импресивна заработка од 25 милиони само во САД
Зад филмот не стои големо филмско студио и е сномен со многу скромен буџет од 18 милиони долари. Се очекува „Уништување“ и во наредниот период да оставрува добри резултати, бидејќи ниту едно големо холивудско студиот нема најавено премиера на хорор филм во наредните четири недели.
Со 48 настани и над 700 уметници „Охридско лето“ го заокружи 66. фестивалско издание
Со четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето“ и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена.
Научниците предупредуваат дека алпските глечери се топат се побрзо и може сосема да исчезнат
Глечерите на Алпите се топат многу брзо и за неколку децении би можеле целосно да исчезнат, покажа најновото истражување. Од 2000 година површината на глечерите е намалена за 39 насто како последица на глобалното затоплување.


