Грција во текот на 2025 остана најголем потрошувач на антибиотици во ЕУ, при што нивната употреба во Грција порасна втора година по ред, оддалечувајќи ја земјата од целите за намалување на потрошувачката и сузбивањето на антимокробната резистенција.

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, во Грција минатата година е користена 31 доза антибиотици на 1.000 жители, што значи дека 3 насто од населението секојдневно земало лекови, пишува „Катимерини“.

На второ место во ЕУ е Малта со околу 26 дози на 1.000 жители. На ниво на ЕУ, потрошувачката на антибиотици во 2025 била намалена за 5 насто во однос на 2019 кога беше достигнат пикот поради епидемијата на Ковид.

Слични новости

Почина американскиот актер Стејси Кич

Почина американскиот актер Стејси Кич

Американскиот актер Стејси Кич, познат по улогите на детективот Мајк Хамер и писателот Ернест Хемингвеј, почина на 85 годишна возраст од срцева слабост, соопшти неговата сопруга.