Грција бележи остар пад на наталитетот, па така бројот на новородени бебиња падна од 117.600 во периодот 2008-2009 на 65.000 последниве две години. Истовремено, просечната старост на родилките постојано расте и додека во 2008 изнесувала 30 години, сега изнесува 32,3 години, пишува Катимерини.
Породувањата на мајки помлади од 30 години е опаднат на околу 30 насто, додека тој процент пред 20-ина години изнесуваше 43 насто, а во 1980 дури 78 насто.
Стручњаците велат дека трендот на пад на наталитетот во Грција е почнат во 80-тите години на минатиот век, а сега го достигнува својот пик.
Слични новости
Тој стори 5 и натаму неприкосновен на Бокс офисот
Петтото продолжение на анимираната франшиза на студиото Пиксар „Тој стори“ втора недела е на врвот на американскиот Бокс офис со заработка од 70 милиони долари овој викенд. Филмот за две недели има фантастична заработка од 297 милиони долари во САД и дури 585 милиони долари глобално.
Почина македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски
Владо Јаневски има издадено шест студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“.
Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина за време на топлотниот бран
Според податоците на стручњаците, се очекува сезонскиот мраз и снег целосно да се истопат до понеделник, што би претставувало второ најрано топење на глечерите во историјата.


