Тројца од десет Грци се чувствуваат покомотно да разговараат за финансиите со вештачката интелигенција отколку со човек, усвојувајќи ја оваа технологија побрзо од другите Европејци, покажа извештајот на европската комоанија за управување со побарувања Интрум.
Анкетата покажува дека 34 насто од испитаните Грци преферира своите финансиски состојби да ги дели со бот на ВИ, а 38 насто изјавиле дека се чувствуваат помалку осудувани кога разговараат за заостанати долгови со вештачката интелигенција, што е за дури 10 насто повеќе отколку минатата година, пренесува Катимерини.
Еден од тројца Грци наведува дека користи алатки како што се ЧетГТП за подобро да ги разбере финансиксите поими, што е стапка која е блиска на европскиот просек.
Истовремено, грижите за безбедноста на податоците се намалени, при што 23 насто од испитаниците вели дека влијаните на ВИ за заштита на личните податоци не е загриживачки.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


