Поранешниот вицепремиер Артан Груби кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце веќе е спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, потврди за Телма директорот на затворот Бобан Утковски.
Груби е сам во келија и според изјавата на директорот се чекаат инструкции дали тој денеска ќе биде однесен во Јавното Обвинителство.
Покрај Груби осомничен во овој случај е и Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на „Државна лотарија“. И тој е во бегство. За Груби претходно беше определна мерка притвор во отсуство.
Слични новости
Лажна дојава за поставена бомба во кочанско училиште
МВР веднаш извршило проверка, а било констатирано дека дојавата е лажна. Не постои никаква опасност за безбедносста на учениците и вработените во училишниот објект.
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.
Продолжува судењето за случајот „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.


