Артан Груби, поранешен прв вицепремиер, синоќа беше пречекан со факели и димни бомби во скопски Чаир, откако Кривичниот суд му ја укина мерката куќен притвор.

Одлуката е донесена по истекот на законскиот рок од 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог.

Груби и натаму има забрана за напуштање на Скопје, а судот не ја прифатил понудената гаранција за враќање на неговиот пасош.

Груби е второобвинет во предметот „Државна лотарија“ во кој обвинителството тврди дека при набавка на апарати за игри на среќа била предизвикана штета од 9,7 милиони евра.

Слични новости

Урсула фон дер Лајен започнува тридневна турнеја низ Западен Балкан

Урсула фон дер Лајен започнува тридневна турнеја низ Западен Балкан

Првата станица од нејзината посета е Албанија, каде што пристигнува денеска. Во петок на 2 октомври, шефицата на Европската комисија ќе ја посети Македонија, а предходно е во Косово, Црна Гора. Овој пат, Србија и Босна и Херцеговина не се вклучени во планот на посетата.

СДСМ: Во тек е голема пљачка на Македонија

СДСМ: Во тек е голема пљачка на Македонија

СДСМ тврди дека „арамијата Мицкоски ја распродава Македонија и ја претвора во депонија за туѓи бизнис интереси“. Во тек е голема пљачка на Македонија!“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.