Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби соопшти дека е во приватна посета во Косово, откако вчера на социјалните мрежи се појави информацијата дека тој избегал од Македонија.
Груби преку социјалните мрежи побара од јавноста да не создава шпекулации околу неговото патување.
„Почитувани, денеска патував во приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате“, пишува Груби, додавајќи дека патувал со своите редовни патни исправи и дека за неговото патување е информирано личното полициско обезбедување.
Тој додава дека по завршување на обврските во Косово, ќе се врати дома кај своето семејство.
Вчера дел од медиумите објавија дека Груби избегал во Косово.
Неодамна, поранешниот вицепремиер се најде на црната листа на САД бидејќи како што наведоа оттаму земал поткуп за судски случај.
Слични новости
АЕК планира приходи од 572.550.000 денари, од кои 460 милиони од надомест за користење радиофрекфенции
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) планира приходи во износ 572 550 000 денари во 2025 година, за 31,02 проценти помалку во однос на минатата година.
Стејт департмент: Македонија добро се справила со терористичките закани во 2023 .
Македонија во 2023 година направила напредок во борбата против тероризмот со усогласување на стратешките документи со законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди, зајакнување на капацитетите за истрага и гонење кривични дела поврзани со тероризам
НБРМ е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики со климатските ризици
Народната банка навреме ги препозна ризиците од климатските промени и зазеде проактивен став вклучувајќи ги климатските ризици и придонесот кон зелената одржлива економија во своите стратегиски цели.