Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби соопшти дека е во приватна посета во Косово, откако вчера на социјалните мрежи се појави информацијата дека тој избегал од Македонија.
Груби преку социјалните мрежи побара од јавноста да не создава шпекулации околу неговото патување.
„Почитувани, денеска патував во приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате“, пишува Груби, додавајќи дека патувал со своите редовни патни исправи и дека за неговото патување е информирано личното полициско обезбедување.
Тој додава дека по завршување на обврските во Косово, ќе се врати дома кај своето семејство.
Вчера дел од медиумите објавија дека Груби избегал во Косово.
Неодамна, поранешниот вицепремиер се најде на црната листа на САД бидејќи како што наведоа оттаму земал поткуп за судски случај.
Слични новости
Полициска акција на неколку локации низ државата
Полициска акција вечерва се спроведува на неколку локации низ државата со цел приведување на сторители на кривични дела.
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува. Како што и доликува! Чест ми е што како министерство предложивме законски решенија кои овозможуваат опција за време на патронат, државен празник, на почеток и на крај на учебната година, во училиштата да се интонира македонската химна со согласност од општините, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Коалиција „Вреди“: Граѓаните да не западнат во замката на политички манипулации на ДУИ
Коалицијата на Албански партии ВЛЕН најостро ја осудува реториката на предизвикување тензии и поларизација која продолжува да ја користи ДУИ, а која што за единствена цел има да ги прикрие огромните корупциски скандали на високите функционери на оваа партија, велат од ВЛЕН.