Филмот „Грешници“ на Рајан Куглер ги освои главните награди на годинешното 32-ро доделување на актерските награди во Лос Анџелес. Актерскиот каст на „Грешници“ ја освои наградата за најдобар глумачки ансамбл на филм, а Мајкл Б.Џордан од истиот филм за најдобра главна улога во машка конкуренција.

Во женска конкуренција наградата за најдобра главна улога ја освои Џеси Бакли за филмот „Хамнет“. За споредна машка улога наградата ја освои Шон Пен за филмот „Една битка по друга“ додека Еми Мадиган ја оцсвои наградата за споредна женска улога за филмот „Оружја“.

Наградата за животно дело му припадна на Харисон Форд, а наградата му ја додели Вуди Харелсон. Водителка на гала свеченоста беше актерката Кристијан Бел.  

Слични новости

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

За утре е закажана официјалната премиера на биопикот за кралот на попот Мајкл Џексон „Мајкл“,а на социјалните медиуми веќе почна лудилото дека кралот на попот се вратил. Филмот ќе биде достапен низ кино салите ширум светот од 24 април.