Пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот скијачки центар во Карталкаја, во општина Бол, во кој загинаа 78 лица, е предизвикан од грешка во кујната на хотелот, ги објавија денеска турските медиуми резултатите од истрагата.
Додека се подготвувал појадокот во хотелот „Гранд Картал“ се запалило врело масло, а пламенот се проширил по погрешна интервенција на вработените во кујната, кои се обиделе да го изгаснат пожарот со вода, јавува турскиот портал Trend..
Според наодите од истрагата, пожарот настанал со прскање на врелото масло на скарата при приготвувањето на оброкот, а пожарот се проширил поради погрешна интервенција на персоналот во кујната, кој не користел противпожарен апарат, туку вода.
Откако врелото масло дошло во контакт со водата, пламенот се проширил на таванот во кујната, а потоа и на горните катови на хотелот.
Утврдено е дека вработените во кујната реагирале панично и исплашено ја напуштиле кујната, а гостите на хотелот не можеле да бидат информирани за пожарот бидејќи не работел протипожарниот аларм.
Слични новости
Вашингтон во конфликт со Приштина: Лага е дека Курти е близок на САД
Американскиот пратеник за специјални операции низ светот Ричард Гренел го отфрли тврдењето на косовскиот премиер Албин Курти дека неговата влада има најдобри односи со САД, нарекувајќи го лажно
Хрватска има најголема инфлација во еврозоната
Годишната стапка на инфлација во Хрватска мерена со индексот на потрошувачките цени во јануари изнесува четири отсто, објави денеска Државниот завод за статистика
Поради земјотресите на Санторини затворени училиштата, воведени дополнителни летови
Од петокот се забележани земјотреси меѓу вулканските острови Санторини и Аморгос во Егејското Море, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата