Филмот Барби на Грета Гервиг ја одбележа 2023 на Бокс офисот со заработка од фантастични 1,4 милијарда долари. Режисерката и косценаристка Грета Гервиг, изјави дека филмот ќе има подолжение само доколку најде приказна која би била издржана за да се снима продолжение на филмот.
Холивудските медиуми јавуваат дека Грета Гервиг заедно со косценаристката Ноа Баумбах имаат сторија за продолжението на филмот која веќе ја однеле и ја презентирале во студиото Ворнер Брос. Иако станува збор за рана фаза на подготовка на продолжението на филмот, сторијата е пронајдена што беше услов за воопшто да се размислува за продолжение на Барби.
Во моментов Баумбах рабти на филм за Нетфликс во кој играат Џорџ Клуни, Адам Сандлер, Лора Дерн, Патрик Вилсон и Емили Мортимер која е косценаристка. Грета Гервиг, пак, се подготвува да го снима филмот „Хрониките на Нарнија“ исто така за стриминг гигантот Нетфликс.
Слични новости
Маск e првиот човек со богатство над 400 милијарди долари
Од претседателските избори во САД на почетокот на ноември, 53-годишникот е значително побогат со порастот на цената на акциите на „Tesla“, барем на хартија
Научниците предвидуваат дека 2025 ќе биде најтопла година на светот
Според податоците на британската Метеоролошка служба, 2025 ќе биде најмалку за 1,29 степени потопла отколку температурата пред индустриското доба, а можно е температурата да биде повисока во просек и за 1,4 степени
Австралија ќе ги тужи технолошките фирми ако не им платат на медиумите за содржината на вестите
Австралија планира да воведе нови правила, според кои големите технолошки компании ќе мора да им платат на австралиските медиуми за содржината на вестите на нивните платформи, а во спротивно ќе се соочат со тужби