Филмот Барби на Грета Гервиг ја одбележа 2023 на Бокс офисот со заработка од фантастични 1,4 милијарда долари. Режисерката и косценаристка Грета Гервиг, изјави дека филмот ќе има подолжение само доколку најде приказна која би била издржана за да се снима продолжение на филмот.

Холивудските медиуми јавуваат дека Грета Гервиг заедно со косценаристката Ноа Баумбах имаат сторија за продолжението на филмот која веќе ја однеле и ја презентирале во студиото Ворнер Брос. Иако станува збор за рана фаза на подготовка на продолжението на филмот, сторијата е пронајдена што беше услов за воопшто да се размислува за продолжение на Барби.

Во моментов Баумбах рабти на филм за Нетфликс во кој играат Џорџ Клуни, Адам Сандлер, Лора Дерн, Патрик Вилсон и Емили Мортимер која е косценаристка. Грета Гервиг, пак, се подготвува да го снима филмот „Хрониките на Нарнија“ исто така за стриминг гигантот Нетфликс.

 

Слични новости

Ватикан на работ од банкрот

Ватикан на работ од банкрот

Ватикан, најмалата држава на светот, за своите проходи се потпира врз комбинација на донации и инвестиции. Во 2023 дефицитот на Ватикан изнесуваше 83 милиони евра, што е 5 милиони евра повеќе отколку лани, објавуваат италијанските медиуми.

Елтон Џон прогласен за икона на годината на „Тајм“

Елтон Џон прогласен за икона на годината на „Тајм“

Сер Елтон Џон е прогласен за икона на годината на магазинот „Тајм“ за 2024 со што е овековечено неговото шестдецениско патување низ музичката индустрија. Признанието не го одразува само неговото трајно влијание во музиката, туку и придонесот кон филантропијата и активизмот.