Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп би сакал да го вклучи во САД поради националната безбедност, има намера да усвои нацрт-закон со кој ќе се забранат странските донации за политичките партии на островот, објави во понеделникот тамошниот парламент кој на денешната седница расправаше на оваа тема.

Таквиот документ ќе овозможи „зачувување на политичкиот интегритет на Гренланд“, се вели во документот со кој се презентира нацрт-законот. Неговото усвојување не треба да биде проблем со оглед на тоа што владејачката партија има мнозинство во парламентот.

Предлог-законот предвидува дека „партиските организации, вклучително и локалните ограноци и младинските партиски организации, не смеат да примаат прилози од странски или од анонимни донатори“. „Странските донатори се дефинираат како донатори кои живеат или имаат престој надвор од Гренланд“, се наведува во текстот.

Предлог-законот итно ќе се разгледува во вторник. Тоа „мора да се разгледа во заднината на геополитичките интереси и актуелната ситуација, а знаеме дека претставниците на сојузничката суперсила изразија интерес да го преземат и контролираат Гренланд“.

Уште од првите изјави на Доналд Трамп за потребата од преземање на овој арктички остров, неговите лидери постојано нагласуваат дека тој не е на продажба, туку дека неговите власти се „отворени“ за деловни предлози.

Гренланд е дел од Данска со широка автономија. Затоа, данските власти постојано нагласуваат дека Гренланд им припаѓа на неговите жители. Истакнаа и дека имаат поддршка од нивните европски партнери кога станува збор за почитување на границите и националниот суверенитет.

Изборите во Гренланд треба да се одржат до 6 април, но политичарите се загрижени за можното странско мешање. Неодамна, Аја Кемниц, која ја претставува територијата во данскиот парламент, изјави за AFP дека нема сомнеж дека „различни луѓе и различни групи ќе се обидат да влијаат на изборите на Гренланд“.

globe

Слични новости

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Шеесет идеветгодишниот лидер на германските демохристијани доби громогласен аплауз од делегатите, кои на конвенцијата едногласно усвоија „програмата за итна акција“, вклучително и контроверзни мерки за реформирање на законите за миграција

Оштетувањето на кабелот меѓу Шведска и Латвија не е саботажа

Оштетувањето на кабелот меѓу Шведска и Латвија не е саботажа

Прекинот на подводниот кабел со оптички влакна меѓу Латвија и Шведска на 26 јануари не е саботажа, објави во понеделникот шведскиот обвинител задолжен за случајот, со што ја поништи заплената на осомничениот брод