Гренландските лидери ја критикуваа најавената посета на висока американска делегација на полуавтономната данска територија што претседателот Доналд Трамп сака да ја присоедини на Соединетите држави.

Делегацијата, која ќе посети американска воена база и ќе присуствува на традиционалната трка на санки со кучиња, ќе ја предводи Уша Венс, сопругата на американскиот потпретседател ЏејДи Венс, а во нејзиниот состав ќе бидат вклучени и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц и секретарот за енергија Крис Рајт.

Премиерот на Гренланд во заминување Муте Егеде ја опиша посетата на американската делегација оваа седмица како „провокација“ и рече дека неговата привремена влада нема да се сретне со него.

„До неодамна можевме да им веруваме на Американците, кои беа наши сојузници и пријатели, и со кои сакавме да соработуваме тесно. Но тие времиња поминаа“, изјави Егеде за локалниот весник Sermitsiaq.

Гренланд одржа избори на 11 март, на кои победија Демократите, про-бизнис партија која поддржува постепен пристап кон независност од Данска. Јенс-Фредерик Нилсен, лидерот на демократите, повика на политичко единство и рече дека посетата на американската делегација за време на коалициските разговори и пред општинските избори следната недела „уште еднаш покажува недостиг од почит кон народот на Гренланд“.

Волц и Рајт планираат да ја посетат воздухопловната база Питуфик, американска воена база на Гренланд. Белата куќа објави дека американските војници ќе ги информираат таму.

Американската војска има постојано присуство во вселенската база Питуфик во северозападниот дел на Гренланд, стратешка локација за нејзиниот систем за рано предупредување за балистички ракети, бидејќи најкраткиот пат од Европа до Северна Америка минува низ островот.

Потоа, со Уша Венс ќе обиколат историски места и ќе присуствуваат на трка со санки со кучиња.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Брајан Хјуз, рече дека делегацијата „е уверена дека оваа посета е можност за градење партнерства што ќе го почитуваат гренландското самоопределување и ќе ја промовираат економската соработка“.

„Ова е посета за да се запознаеме со Гренланд, нејзината култура, историја и луѓе и да присуствуваме на трка со санки со кучиња што Соединетите држави гордо ја спонзорираат“, рече тој.

Данскиот премиер Мете Фредериксен во врска со посетата рече дека „тоа е нешто што тие го сфаќаат сериозно“. Таа рече дека Данска сака да соработува со САД, но дека тоа треба да биде соработка заснована на „фундаментални правила на суверенитет“.

Таа додаде дека дијалогот со САД во врска со Гренланд ќе се води во тесна координација со данската влада и идната гренландска влада.

Трамп зборува за анексија на Гренланд откако се врати во Белата куќа во јануари. Стратешката локација на Гренланд и огромното минерално богатство може да бидат од корист за САД. Владите на Гренланд и Данска се противат на ова.

globe

Слични новости

Осумнаесет загинати во еден од најтешките пожари во Јужна Кореја

Осумнаесет загинати во еден од најтешките пожари во Јужна Кореја

Осумнаесет лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најголемите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и ги надминаа сите прогнозирани модели, изјави во средата привремениот претседател Хан Дак-Су