Утрово во Битола граѓани во редици чекаат да влезат во „Алта Банка“ и да си ги подигнат средствата. Инсистираат да влезат во банката и не ја прифаќаат одлуката на Народна Банка дека смеат да подигнат само 10.000 недело.

Граѓаните велат дека со тој износ не можат да ги платат ниту сметките, некои од нив поради страв сакаат да ги подигнат и сите средства што ги имаат во банката.

Картичките на битолската Алта банка веќе не може да се користат на банкоматите на други банки во Македонија.

Граѓаните нема да може да се префрлаат средства на трансакциски сметки во други банки, а фирмите ќе може само да плаќаат од сметката во битолската Алта Банка.

 

Слични новости

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.