Граѓаните на Македонија во ново истражување на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ сметаат дека државата се движи во погрешна насока.

Анкетата, спроведена на 1.002 испитаници од 27 февруари до 10 март 2026 година, покажува дека 51% од граѓаните сметаат дека животот во државата оди во погрешна насока.

И покрај малото подобрување во одредени индикатори, доминантни остануваат критичките ставови кон политичките институции и нивната отчетност.

 

Анкетата покажува и перцепција дека Владата има поголемо влијание врз Собранието отколку обратно, што укажува на ограничена контрола на законодавната власт врз извршната.

Истражувањето открива умерена до ниска доверба во институциите, при што Собранието има оценка 4.8, а Владата и Претседателот 4.7 и 4.9.

 

Слични новости

Третина од населението во Македонија страда од обезност

Третина од населението во Македонија страда од обезност

Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е значајно подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик