Штрајкот на грчките земјоделци продолжува и по две недели од почнувањето на блокадите во северниот дел на земјата. Викендов во одредените периоди повторно ќе бидат затворени граничните премини Евзони – Богородица и Ники – Меџитлија, на македонско-грчката граница.

Времето во кое не се пропуштаат возила останува исто, од 12.00-16.00 и од 18.00-22.00 часот по грчко време.

Товарните камиони минуваат претежно ноќе кога е слободно, така што во текот на денот преминот е речиси празен, велат од преминот Богородица.

 

Вчера околу три часа бешее блокирано и пристаништето во Солун. Во знак на револт пред два дена блокади се поставија и на пристаништето Волос.

На блокадите се повеќе се придружуваат млади луѓе, но и цели семејства. Земјоделците велат дека наместо да се намалува интензитетот, протестите може да ескалираат.

Во меѓувреме се одржуваат состаноци  помеѓу претставници на грчката влада и земјоделските здруженија.

Слични новости

Катица Јанева условно пуштена од „Идризово“

Катица Јанева условно пуштена од „Идризово“

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби условен отпуст и на почетокот на неделата го напушти затворот „Идризово“, иако нејзината затворска казна формално трае до 2027 година.