Градското собрание на Загреб по итна постапка ги стави на дневен ред предлог заклучоците со кој во сите простории што се во сопственост на градот се забранува употребата на симболи, слога и пораки кои ја величаат, оправдуваат или поттикнуваат националната , верската и расната омраза, а меѓу нив е и усташката парола „За дом спремни“.

Во образложението се наведува дека овој акт е засниван врз „антифашистичките темели на Република Хрватска“ утврдени со Устав, како и на ставовите на Уставниот суд и Европскиот суд за човекови права според кои „за дом спремни“ претставува говор на омраза засниван на расна, национална и верска припадност.

Како што објасни градоначаникот на Загреб Томислав Томашевиќ целта е да се спречи повторно скандирање на тој поздрав, како што неодамна се случи на концерот на хрватскиот националистички музичар Марко Перковиќ -Томсон на загрепскиот Хиподром.

ХДЗ реагираше дека СДСП под изговор за „воведување критериуми“ спроведуваат политичка цензура и се ставаат над законот и судовите за да ги забрануваат концертите на Марко Перковиќ-Томсон.

Слични новости

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Мировниот договор за Украина е многу блиску, вели американскиот претставник Келог

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје