Специјалниот суд против организиран криминал и корупција доцна синоќа ја потврди претходно донесената мерка, со која градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, останува во затворски притвор. Мерката ќе ја издржува во затворот во Драч.
Во судот повеќе од седум часа, освен Велиај беа испрашувани и неговата сопруга Ајола Џоџа и шест бизнисмени, а судското тело повеќе од два часа одлучуваше околу мерките.

На Џоџа мерката „куќен притвор” ѝ е заменета со “јавување двапати месечно во судот” а и е одземен и пасошот и ѝ е забрането напуштање на земјата.
Еден од бизнисмените доби затворски притвор, додека за останатите потврдена е првата мерка за јавување во судот.
Адвокатите за 46-годишниот Велиај побарале ослободување од притвор со парична гаранција, но било одбиено поради можноста да побегне од земјата.
Велиај кој е градоначалник на Тирана во три последователни мандата, беше уапсен во понеделникот под обвинение за пасивна и активна корупција, перење пари и непријавување имот, по што му беше изречена мерката „затворски притвор“.
Во реакција на социјалните мрежи, од притворот тој го изрази своето незадоволство од тековниот процес, нарекувајќи го нефер и апсурден, додавајќи дека „ниту тој, ни членовите на неговото семејство немаат никаква поврзаност со зборот корупција“.
Во текот на денот, за време на целата расправа, пред судот се собраа вработените во општинската администрација, како и граѓани, во знак на поддршка.
Слични новости
ЕУФОР: Распоредуваме воено засилување во БиХ
Военото засилување на ЕУФОР во Босна и Херцеговина почна да пристигнува, потврди во вторникот командата на силите на Европската унија во Сараево
Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него
Романија: Централното изборно тело му забрани на крајниот десничар Џорџеску да се кандидира
Централното изборно тело на Романија во неделата му забрани на екстремно десничарскиот проруски кандидат Калин Георгеску да се кандидира на повторените претседателски избори во Романија во мај