Градоначалникот на Рим Роберто Гвалтијери му ја врачи највисоката цивилна награда на градот Рим „Капитолска волчица“ на холивудскиот актер Роберт Де Ниро.
„Рим му оддава чест на извонредниот уметник, способен да ги надмине жанровите и епохите, со сетрсаност која постави референци во современата кинематографија. Роберт де Ниро помогна во испишувањето на историјата на големото платно, зашеметувајќи ја публиката со незаборавни актерски изведби“, рече Гвалтиери на церемонијата на врачување на наградата во римскиот Капитол.
Роберт де Ниро се заблагодари на неверојатната чест и кажа дека Рим е повеќе од град, затоа што е живо уметничко дело. „Да се биде препознат на местото што толку даде на светската култура, филмот и убавината е многу емотивно. Моето семејство има италијански корени, така што признанието има и лично значење за мене“ порача холивудската суперѕвезда.
Слични новости
Оперативниот систем Виндоус на Мајкрософт го прослави 40-от роденден
Приказната за популарниот опретаивен систем Виндоус на Мајкрософт како графичко окружување за МС-ДОС започна во 1985 со Windows 1.0. Тоа денеска изгледа како животен пат долг четири децении, преполн со брилијантни успеси, но и спектакуларни промашувања.
Илајдници пајаци исплетоа огромна пајажина во Грција
Научниците открија џиновска пајажина што се протега на повеќе од 100 квадратни метри и содржи околу 111.000 пајаци во пештера на границата меѓу Грција и Албанија, според студија објавена во списанието Subterranean Biology
Започна со емитување втората сезона на мега популарната серија „Лендмен“ – Били Боб Торнтон и Сем Елиот повторно заедно
Сем Елиот повторно се појавува на малите екрани по 2021 кога за последен пат играше во серијата 1883-та. Тој го игра таткото на Били Боб Торнтон во Лендмен, кој го игра фиксерот Томи Норис во бизнисот со бушење нафта во западен Тексас.


