Градоначалникот на Рим Роберто Гвалтијери му ја врачи највисоката цивилна награда на градот Рим „Капитолска волчица“ на холивудскиот актер Роберт Де Ниро.
„Рим му оддава чест на извонредниот уметник, способен да ги надмине жанровите и епохите, со сетрсаност која постави референци во современата кинематографија. Роберт де Ниро помогна во испишувањето на историјата на големото платно, зашеметувајќи ја публиката со незаборавни актерски изведби“, рече Гвалтиери на церемонијата на врачување на наградата во римскиот Капитол.
Роберт де Ниро се заблагодари на неверојатната чест и кажа дека Рим е повеќе од град, затоа што е живо уметничко дело. „Да се биде препознат на местото што толку даде на светската култура, филмот и убавината е многу емотивно. Моето семејство има италијански корени, така што признанието има и лично значење за мене“ порача холивудската суперѕвезда.
Слични новости
Двојниот добитник на Оскар Кевин Спејси остана без куќата и живее во Ербнб сместување
Кевин Спејси за Телеграф изјави дека „трошоците во последните седум години му се астрономски“ и дека поради тоа ја загубил куќата во Балтимор, како и дека неговата финансиска состојба во моментов „не е сјајна“.
Мис Мексико е крунисана за Мис Универзум
Фатима Бош Фернандез од Мексико беше крунисана за Мис Универзум 2025 ноќта кон петокот, во драматична победа за 25-годишната девојка која се најде во центарот на турбулентното 74-то издание на популарниот избор за убавина во Бангкок
Австралија ги гаси профилите на социјалните мрежи за деца под 16 години
На австралиските тинејџери кои се под 16 години ќе им бидат затворени профилите на Инстаграм, Фејсбук и Трејдс, како и на некои други социјални мрежи, пренесува Би Би Си.


