Градоначалникот на Рим Роберто Гвалтијери му ја врачи највисоката цивилна награда на градот Рим „Капитолска волчица“ на холивудскиот актер Роберт Де Ниро.

„Рим му оддава чест на извонредниот уметник, способен да ги надмине жанровите и епохите, со сетрсаност која постави референци во современата кинематографија. Роберт де Ниро помогна во испишувањето на историјата на големото платно, зашеметувајќи ја публиката со незаборавни актерски изведби“, рече Гвалтиери на церемонијата на врачување на наградата во римскиот Капитол.

Роберт де Ниро се заблагодари на неверојатната чест и кажа дека Рим е повеќе од град, затоа што е живо уметничко дело. „Да се биде препознат на местото што толку даде на светската култура, филмот и убавината е многу емотивно. Моето семејство има италијански корени, така што признанието има и лично значење за мене“ порача холивудската суперѕвезда.

Слични новости

Отфрлена е тужбата против Вин Дизел за сексуален напад

Отфрлена е тужбата против Вин Дизел за сексуален напад

Судот во Лос Анџелес ја отфрли тужбата за сексуален напад поднесена против актерот Вин Дизел од неговата поранешна асистентка Аста Џонасон. Судијата пресуди дека законот на Калифорнија не може да се примени на наводниот инцидент што се случил во 2010 година во Џорџија